hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Агинагалде - најдобар играч за сезоната 2011/2012

aginagalde
 
Играчот на Атлетико Мадрид Јулен Агинагалде (08.12.82) е прогласен за најдобар играч за минатата сезона. Победникот беше обелоденет на гала свеченоста на ASOBAL што се одржа во петокот во „Флорида парк„ во Мадрид.

Повеќе...

Талант и Чави Пасквал оптимисти

tallant i pasqual
 
Двајцата тренери Душебаев и Пасквал се појавија ова попладне на прес-конференцијата во арената „Висталегре„ на 24 часа до почеток на натпреварот од ASOBAL Суперкупот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Душебаев ја истакна тешкотијата оваа сезона да ја има целата група заедно, бидејќи многу играчи имаа малку одмор по Олимпијадата.

Повеќе...

Пехарите ќе бидат прикажани пред „Висталегре„

kire 07 09 2012
 
Ова се денови на навивачите на Атлетико Мадрид. Спортската сезона 2012/13 само штто започнала, а црвено-белите од Мадрид веќе подигнаа два трофеи. Ако фудбалската секција на Атлетико Мадрид го „прегази„ Челзи во Монтекарло во Супер Купот на Европа, ракометниот тим предводен од нашиот Кирил Лазаров го освои IHF Супер глоб турнирот во Доха и стана светски клубски првак.

Повеќе...

ВИДЕО: Атлетико е едно големо среќно семејство

david davis

Тимскиот дух, „хемијата„ меѓу сите структури во еден клуб, односот меѓу ракометарите, стручниот штаб, управата, навивачите и новинарите е многу важен фактор за успех во секој спортски колектив. Атлетико Мадрид е клуб во кој присуството на таканаречените „сенатори„ Омбрадос, Калман, Душебаев многу значи. Еден од оние со најдолг стаж е и ракометарот на позицијата десно крили, Давид Дејвис.

Повеќе...

Дал: "Сон и чест е да се биде во Атлетико"

magnus dahl

Норвешкиот голман Магнус Дал беше претсавен денес во Мадрид, во придружба на извршниот директор Луис Мигел Лопез и два членови на екипата светски првак, Роберто Гарсија Парондо и Ангел Ромеро. "За мене ова е сон и чест да бидам во клуб како Атлетико, еден од најдобрите во светот, но реалноста е дека тука сум една година, но ако се оди добро јас сум подготвен да останам подолго.

Повеќе...

Мадрид ги пречека шампионите

celebracionsuperglobe 9122
 
Новиот светски клубски првак Атлетико Мадрид веќе е дома во Шпанија и го слави првиот трофеј во новата сезона. Иако сите не веруваа, екипата на Душебаев со милион проблеми и без ниту еден контролен натпревар, го скрши малерот и совлада една моќна екипа, која веќе е во натпреварувачки ритам, како германскито Кил.

Повеќе...

Лазаров четврт стрелец во Доха

kire 02 09 2012

Победникот на IHF Супер глоб 2012 однесе дома 400.000 евра и се здоби со право за одбрана на титулата наредната година. Трет пат во својата историја овој тим, до пред повеќе од една сезона како Реновалиа Сиудад Реал, а сега како Атлетико Мадрид го освојува прекрасниот трофеј, со што е водечки на вечната листа.

Повеќе...

Душебаев и Омбрадос: Трофејот е за таткото на Кирил Лазаров

1334  U4P2399 copy

Алфред Гисласон
(тренер на Кил)

Атлетико Мадрид ја заслужи победата, бидејќи тие беа подобриот тим. Во првата половина од мечот игравме добро, но јас и тогаш не бев задоволен, во втората половина од мечот грешевме, пропуштивме многу шанси и дојде очекуваниот пораз.

Повеќе...

Лазаров прв стрелец и асистент на Атлетико Мадрид

Atletico-Lazarov

Како што беше случај и со последната ASOBAL лига и Лигата на шампионите и на овој турнир, Кирил Лазаров беше најдобар клубски стрелец. Иако тренерот Талант Душебаев се реши да ги ротира сите ракометари во текот на сите пет средби на IHF Супер глоб, Лазаров пак се истакна. Тој одигра 2 часа, 43 минути и 31 секунда во Доха.

Повеќе...

Кирил Лазаров до 32 трофеј во кариерата

KireZa presedatel

Денешната светска титула во Доха е 32 трофеј во богатата кариера на Кирил Лазаров. Откако пристигна во Мадрид освои 6 трофеи, а само е на стартот на својата трета сезона во Шпанија. Оваа богата низа, предодредена е да расте. Ова се сите одличја на Лазаров во клубската кариера.

Повеќе...