Пуштени во продажба билетите за натпреварот Македонија - Португалија
Ракометната Федерација на Македонија денеска информираше дека се пуштени во продажба билетите на натпреварот на сениорската селекција против Португалија во првиот меч од квалификациите за ЕП 2024.
Дополнителен повик во репрезентацијата добија Мишевски и Аларов
Македонија ја очекува двомеч со Португалија во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а пред овие две средби селекторот Лазаров се соочува со големи проблеми.
Против Португалија без Талески, Пешевски, Танкоски, Атанасијевиќ...
Уште на самиот старт од подготовките за претстојните квалификациски натпревари против репрезентацијата на Португалија, селекторот Кирил Лазаров се соочува со големи проблеми околу составувањето на тимот.
Репрезентацијата се собра за двомечот против Португалија
Машката ракометна репрезентација на Македонија од денес почнува со мини подготовките за претстојните два дуели од квалификациите за Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Португалија.
Лазаров го скрати списокот за двомечот против Португалија
Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство во Германкја.
Лазаров го одреди поширокиот список за двомечот против Португалија
Селекторот на машката ракометна репрезентација,Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамките од квалификациите за Европското првенство во Германија..
Македонија ќе ја пречека Португалија во Скопје, па ќе гостува во Матосињос
Квалификациите за Европското првенство се на еден месец до своето продолжување. Ракометната федерација на Македонија го одреди терминот и градот домаќин за натпреварот меѓу нашата репрезентација и Португалија. Првиот дел од битката за првото место против Португалците, избраниците на Кирил Лазаров ќе ја водат во Скопје.
Кирил Лазаров дел од „Global Handball Summit 2023“
Изминативе неколку денови во Скопје се одржа голем ракометен собир. „Global Handball Summit 2023" ги собра на едно место Давид Дејвис, Ненад Шоштариќ, Лино Червар, Кире Лазаров, Серхио Санчез, Антонио Карлос Ортега, Матс Олсон, Марија Лојаница, Славе Николов и Ѓорги Начевски и други. Присутните навистина имаа што да слушнат и видат во теоретскиот и практичниот дел.
Лазаров: Се надевам дека младите ќе бидат уште подобри од нас
Ракометниот спектакл во Скопје каде силите си ги омерија легендите и сегашната репрезетација на Македонија беше од хуманитарен карактер со тоа што сите собрани средства ќе бидат донирани за СОС Детското село.
Говорејќи за мечот легендата на македонскиот ракомет, досекогашниот голгетер, а сега селектор Кирил Лазаров ја пофали организацијата и додаде дека се надева дека идните генерации ќе го надминат успехот на неговите досекорешни соиграчи.
„Одличен потег на организаторот, на Ракометната федерација на Македонија за ова што се организира вечерва. Повеќе од 15 години сме на голема сцена, сме во репрезентацијата. Го одржуваме македонскиот спорт и се обидуваме тоа да биде уште подобро во иднина. Се надевам дека овие млади ракометари дека ќе бидат уште подобри и од нас", вели Лазаров.
Ракометниот натпревар меѓу актуелните репрезентативци на Македонија и легендите на спортот заврши со славје на помладите од 25:21 (12:12).
Спектаклот ги оправда очекувањата, младите за нијанса подобри од ветераните
Македонија - Македонија (ветерани) 25:21 (12:12)
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски" се одржа ракометен спектакл, дуел меѓу актуелната репрезентација на Македонија и тимот на македонските ракометни ветерани, помладите го добија мечот со 25:21.