hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Нова авантура на битолските членови на „Фалангата„

calic 1

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров и „Пелистерка„ наградија четворица спортски авантуристи кои вечерва го започнуваат своето ново патешествие. Имено битолчаните Томче, Цалич, Баљка и Чокуз тргнаа на пат долг 3.700 километри до Севиља со автомобил со дресовите на Кирил Лазаров. Овој навивачки тим кој е вообичаено многу поголем на останатите големи приредби, два дена ќе патува за Шпанија за в сабота да биде навреме во Севиља за дебито на нашата селекција со Чиле.

calic 2

Овие навивачи ја бодрат нашата ракометна репрезентација насекаде, почнувајќи од Вараждин и Задар 2009 до Ниш и Белград минатата година. Нивните авантури ќе можете да ги следите, напоредно со настапите на нашите најдобри ракометари.

Share