hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Фарски Острови се сериозна репрезентација, имаме почит кон противникот

kire-lazarov-1

Селекторот Кирил Лазаров ја oдработи првата прозивка на ракометарите кои се најдоа на неговиот список за двомечоит со Фарските Острови. Лазаров смета дека, иако станува според името на противникот не се работи за селекција од европскиот врв, сепак тоа на терен е сосема поинаку.

Репрезентативците се во подем во последните години и мора сериозно да си ја светиме задачата, рече селекторот Лазаров.

„Фарски Острови е сериозен ривал кој има квалитетни ракометари. Морам да кажам дека мораме сериозно и фокусирано да ги одработиме подготовките за да се прикажеме во најдобро светло. Фарски Острови има сериозни резултати и голем напредок. Верувам во нашите ракометари и во нивниот квалитет. Имаме млада, но талентирана репрезентација, кој со тек на време станува сè подобра. Имаме почит кон противникот, но во исто време се почитуваме и самите себе. Сметам дека шансите се подеднакви, тие се одлична репрезентација, но верувам дека и ние имаме квалитет за да им се спротиставиме", кажа Лазаров.

Првиот меч меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн, додека реваншот е закажан за 12 мај во Скопје.

Share