hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Започна мундијалската операција, Карапалевски дополнително повикан за Фарски Острови

лазаров собир

Македонската машка ракометна репрезентација денес ги започна подготовките за пласман на Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Собирот на нашите репрезентативци беше предвиден во хотелот „Александар Палас", а потоа следеше првиот тренинг.

Лазаров објави список од 20 имиња, а дополнително го повика Мартин Карапалевски. Репрезентацијата треба да биде комплетна во недела кога ќе се приклучат Никола Митревски и Филип Талески, кои ќе допатуваат подоцна поради тоа што утре играат дерби меч меѓусебе. Пред овие два бараж дуели, стручниот штаб на нашата селекција е засилен со поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов кој со своето искуство треба да му помага на селекторот Кирил Лазаров.

Репрезентацијата на Фарски Острови ни стои на патот до учество на деветтиот Мундијал, некогаш оваа репрезентација ни беше посакуван противник, но по последното Европско првенство видовме дека се работи за репрезентација која има квалитет и мора да се респектира. Првиот бараж меч се игра на 8 мај на гостински терен во Торшавн, додека реваншот е закажан за 12 мај во СЦ „Борис Трајковски" (19:00 часот).

Share