hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Нова Македонија„ ги избра своите лауреати за 2012 година

kire nova

Во 58. избор на најдобрите Оливера Наковска-Бикова е најдобриот спортист на Македонија за 2012 година, во традиционалниот избор на „Нова Македонија". Таа признанието го заслужи со златниот медал на Параолимписките игри во Лондон, во стрелаштво, дисциплина воздушен пиштол од 10 метри, збогатено и со светски рекорд. Во 58-годишното избирање на најдобрите ова е третпат некој од стрелачкиот спорт да биде прв, а по десет години одново жена е најдобра во Македонија во една година. Годинава меѓу најдобрите пет спортисти се и двајца ракометари, Кирил Лазаров и Наум Мојсовски, и по еден кошаркар и каратист, Перо Антиќ, односно Огнен Груевски.

Најдобрите пет за 2012 година во избор на „Нова Македонија":

1. Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво) - златен медал на Параолимписките игри во Лондон.

2. Кирил Лазаров (ракомет) - најдобар стрелец на ЕП 2012, петто место со Македонија на ЕП 2012, вицешампион на Европа со Атлетико Мадрид.

3. Наум Мојсовски (ракомет) - петто место со Македонија на ЕП 2012, двапати обезбеди осминафинале со Металург во Лигата на шампионите

4. Перо Антиќ (кошарка) - европски првак со Олимпијакос

5. Огнен Груевски (карате) - прво место во светската Премиер-лига

Следува листата на освојувачи на престижната награда на „Нова Македонија„ во сите претходни изданија, а во 2009 година победник беше токму Кирил Лазаров.

sportisti

Share