hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Оливера, па Кире во изборот на „Утрински весник„

olivera-i-kire

„Утрински весник" 14. пат ги прогласи десетте македонски спортисти што ја обележаа минатата година со своите постигнувања. Специфично за овој избор е тоа што не е направена разлика меѓу кандидатите според полот, според припадноста на одредена возрасна категорија (сениори, јуниори, кадети итн.) итн. Едноставно, на листата се најдобрите десетмина според овој дневен весник.

1. Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво) - Златен медал на Параолимписките игри во Лондон во стрелање со воздушен пиштол од 10 метри, светски рекорд од 381 круг во квалификациите и параолимписки рекорд од 475,7 круга во финалето. На Игрите беше и 12. со пиштол од 25 м мешано, како и 17. во таа дисциплина, но од 50 м.

2. Кирил Лазаров (ракомет) - На рекордот од Светското првенство 2009 во Хрватска по бројот на постигнати голови на еден мундијал (92 на девет натпревари) во јануари годинава го додаде рекордот по бројот на погодоци на едно ЕП, кога во Србија постигна 61 гол на седум средби, а Македонија го освои петтото место. Капитен на репрезентацијата што играше и на квалификацискиот турнир во Гетеборг за ОИ во Лондон. Со Атлетико Мадрид стана светски клупски првак во Доха, стигна до финалето на Лигата на шампионите и освои два трофеја во Шпанија - Купот на кралот и АСОБАЛ-купот. Втор стрелец во ЛШ минатата сезона со 97 гола, еден помалку од Данецот Микел Хансен од Копенхаген.

3. Тодор Гечевски (кошарка) - МКФ го прогласи за кошаркар на годината во Македонија. Дел од тимот што на МЗТ Скопје му ја донесе првата титула шампион на Македонија, на која и' претходеше трофејот од Купот. Еден од најдобрите играчи на „металците" во дебитантската сезона во АБА-лигата, во која по 15 одиграни кола е прв блокер и три пати е избиран во идеалната петорка на колото. Со репрезентацијата на Македонија играше на предолимпискиот турнир во Каракас.

4. Агим Ибраими (фудбал) - ФФМ го прогласи за најдобар македонски фудбалер во 2012 година, а во Словенија е избран за најдобар странски фудбалер во сезоната 2011/2012. Постигна по еден гол на три меча во низа на македонската репрезентација - против Хрватска (1:2) и против Србија (1:0) во квалификациите за СП 2014, како и на пријателскиот меч со Словенија (3:2), сите три во Скопје. Првак на Словенија со Марибор, со кој стигна до групната фаза од Лига Европа.

5. Дејан Манасков (ракомет) - Годинава се промовира во стандардно лево крило на Металург и на репрезентацијата на Македонија. Петто место на ЕП во Србија и настап на олимписките квалификации во Гетеборг. Првак на Македонија со Металург и два пати едноподруго осминафиналист во Лигата на шампионите, во која по седум меча е трет стрелец на тимот со 29 гола.

6. Мирослав Ранѓиќ (ватерполо) - Единаесетто место на Европското првенство во Ајндховен. Беше меѓу најефикасните во тимот што го делеше една победа (над Шпанија во четврт-финалето) за пласман на ОИ во Лондон, за на крајот да заврши шести на квалификацискиот турнир во Едмонтон.

7. Ненад Манојловски (кикбокс) - сребрен медал на Европското првенство во Букурешт во дисциплината кик-лајт до 69 килограми, каде што златото му избега за еден поен.

8. Евгениј Поп-Ацев (маратонско пливање) - Втора година едноподруго трет во вкупниот поредок во Гран-при серијата на ФИНА, петти на Охридскиот маратон, победник на маратонот во Ровињ и на Отвореното првенство на Србија на 10 км.

9. Јулија Николиќ (ракомет) - Со деветте гола во победата над светскиот вицешампион Франција во Скопје, најзаслужна за пласманот на ЕП во Србија, на кое Македонија заврши последна, а таа беше прв стрелец на македонскиот тим со 14 гола. Со Арвор стана првак на Франција и го освои Лига-купот.

10. Анастасија Богдановски (пливање) - Деветнаесетгодишната надеж на македонското пливање од САД на СП во кратки базени во Истанбул постави апсолутни државни рекорди на 50 м слободно, каде што го урна резултатот на Јованка Димовска стар 15 години, како и на 100 м слободно. Беше единствен македонски претставник на ЕП во Будимпе

Share