Машката ракометната репрезентација на Македонија ќе игра со Египет во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран. За нас одигра Шпанија која го декласира домашниот Алжир со 31:19.
Шпанија одигра фуриозно во сите шеесет минути од мечот со Алжир и запиша убедлива победа, ние се радуваме на овој резултат по кој Македонија за финале ќе игра против Египет кој го освои првото место во А групата. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Србија и Тунис.
Македонија и Алжир имаат ист број бодови, но поради подобра гол разлика, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе играат во полуфиналето против Египет кој беше најдобар во групата А.