Кирил Лазаров на величествен начин стави крај на богатата кариера, во која освои речиси се што можеше да се освои. Неговото име ќе остане запишано како најголем во историјата на македонскиот ракомет, но и како рекордер во ракометна Европа со достигнувања што останатите уште долго ќе се мачат да ги остварат.
Пораки по неговото заминување од активното играње ракомет испратија неговиот прв тренер Илчо Јанев, Лино Червар, Чави Пасквал, Талант Душебаев, Никола Карабатиќ и многу, многу други...
Погледнете ги видео пораките кои беа емитувани пред 5.000 гледачи во арената во Нант по натпреварот против Тулуз.