hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Ние сме тие кои постојано играме со емоциите„

lazarov---makedonija-srbija

За ракомет специјализираниот портал „Balkan-handball„ објави краток разговор на новинарката Кристина Крстиќ со нашиот ракометар Кирил Лазаров, кој на Божик излезе во етер. Интервјуто го објавуваме во целост.

Еден од најдобрите ракометари на денешницата, капетанот на Македонија Кирил Лазаров беше гостин овие денови со својот тим во Ниш. Македонската репрезентација одигра во "Чаир" два контролни натпревари пред Светското првенство. Лазаров зборуваше за претстојниот шампионат, противниците и индивидуалните признанија, кои не му се непознати.

Во првиот натпревар го совладавте Египет, додека во вториот поразени сте од Србија.

„Па, добро ни дојде овој натпревар. Српскиот тим е респектабилен противник, имаат традицијата на освојување на медали, а сега се вицешампиони на Европа. Бевме изедначени се до 55 минута, тоа беше добар натпревар, добра проверка. Во овој момент резултатите и бодовите не се бројат. Важно е да ги увидиме нашите добри и лоши страни и лошите да ги поправиме„

Македонија последен пат беше дел во Светското првенство во Хрватска во 2009 година, а шампионатот во Шведска 2011 го пропушти. Сепак, нашите јужни соседи, учествуваа на Европското првенство и го зазедоа петтото место.

„Конечно имаме континуитет на играње на големите настани и тоа е најважно за нас. Ние сме свесни дека имаме квалитет, дека играме долги години заедно и можеме да играме со сите, тоа ни е јасно. Ние сме селекција која може да си каже - Сега овие можеме да ги добиеме, а овие не. Сепак без разлика со кого играме, без разлика дали тоа е Данска и Чиле, ние мора да играме 100%. Можеме со сите, но ние треба да ги почитуваме сите тимови и да одиме натпревар по натпревар„

Лазаров вели дека неговиот тим е мотивиран и секогаш во натпревар влегува со "врело срце" и „жешка глава„

„Постои мотивација во нашиот тим, страст за борба посебно против најсилните противници. Ние Македонците сме такви луѓе што влегуваме во натпреварите со повеќе емоции отколку со глава. Некогаш треба да се биде премногу интелигентни за да играте со глава, од друга страна некогаш емоции ќе ти донесат резултат. Ние сме оние кои секогаш играат со своите емоции„

Македонија ќе биде во група со Шпанија, Данска, Русија, Чиле, Катар и Исланд. Голем фаворит е Данска, но македонскиот капитан вели дека Исланд и Русија се многу силни противници.

„Секоја селекција ја темпира својата форма. Ние не сме селекција што може и мора да ја темпира формата. Тоа го прават селекции како Хрватска, Данска, Шпанија, Франција, бидејќи тие знаат дека се силни и имаат шеснаесет подеднакво квалитетни играчи и тоа им е предност. Со данците играме дури петтиот натпревар. Данците како данци се многу силни, Исланд игра многу модерен ракомет, додека Русија одамна не направила резултатот и ќе биде силно мотивирана. Тие го сменија тренерот и на сите ќе им покаже дека е силна. Русија е Русија и секогаш е моќна и тоа на сите ни е јасно. Нам ни е најважнен првиот натпревар со Чиле, а за остатокот ќе видиме како ситуацијата ќе се раздвива„

Многу е тешко, па дури и невозможно да се предвиди пласманот на голем турнир, сепак целите се кристално јасни.

„Нашата примарна цел е да влеземе во следниот круг. Ние ќе се обидеме да обезбедиме осминафинале, да се избориме за подобра позиција и ако можеме да избереме противник. Или ако имаме малку повеќе среќа да добиеме полесен противник, ако воопшто има такви во осминафиналето и тоа ќе биде натпревар да се биде или да не. Најважно е ние да сме здрави, еве остануваат уште шест или седум дена за да се подготвиме и да го прославиме Божик. Треба да одиме натпревар по натпревар, да се израдуваме на секоја победа, да не тагуваме премногу по секој пораз, а потоа ќе видиме колку далеку ќе стигнеме„

Години наназад каков и да е пласманот на Македонија, капитенот на овој тим редовно освојува поединечни награди.

„Јас не се оптеретувам со тоа и никогаш порано не се грижев пред шампионатите. Свесен сум дека јас да бидам добар, треба и мојот тим да биде добар, без нив сам не можев да го направам тоа. Не може да се биде добар и тимот да игра лошо, тогаш не може да се помине првиот круг. Така да колку повеќе расположени играчи имаме, подобро за нас и за наш подобар резултат„

Share