hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров гласаше за ракометна личност на година

kiril-lazarov-1

Наскоро на 10 јануари познатиот ракометен портал „Handball-planet„ ќе ја одбере личноста на ракометната 2012 година. Номинирани беа многу ракометари, тренери, судии, ракометни работници, манифестации и слично. Во конкуренција за личност на 2012 година во ракометот, меѓу останатите се и тренерот на Кил, Алфред Гисласон, селекторот на женската црногорска репрезентација Драган Аџиќ, претседателот на ЕХФ, Жан Брио, судијата Медс Хансен, поранешната црногорска репрезентативка Бојана Петровиќ, голманот на Кил, Тиери Омејер, чешкиот репрезентативец Филип Јиха, но предложена е и Ракометната федерација на Србија која успешно ги организираше двата европски шампионати, и во машка и во женска конкуренција. Еве како гласаше нашиот капитен Кирил Лазаров, кој ја доби честа да влезе во групата на легенди како Драган Шкрбиќ, Ласло Наџи, Момир Илиќ, Миранда Татари, Веселин Вуковиќ, Диего Симоне, група на новинари, менаџери и ракометни работници кои ј бираат личноста на годината.

strucno ziri

5 поени - Драган Аџиќ (селектор на женската репрезентација на Црна гора)
3 поени - Тјери Омејер (француски репрезентативец и член на Кил)
2 поени - Мадс Хансен (ракометен судија)
1 поен - Том О Браниген (EHF коментатор)

Share