hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го сруши Монпелје и го однесе Нант во финалето на Лига Купот

lazarov liga Kup1

Нант - Монпелје 27:26 (11:12)

Во финалето на Лига Купот на Франција во ракомет ќе играат Нант и Шамбери, а не фаворитите ПСЖ и Монпелје. Најзаслужен за ваквото сценарио е Кирил Лазаров, автор на победеносниот погодок на Нант во дуелот од второто полуфинале против Монпелје. Македонската легенда уште еднаш покажа дека кога најмногу е потребно тој е секогаш подготвен на предизвикот и пак го направи вистинскиот избор. Утре попладне Лазаров ќе се бори за својот прв трофеј во францускиот ракомет.

Лазаров го постигна победничкиот гол во триумфот над Монпелје со 27:26. Монпелје во финишот водеше со 26-24, но две одбрани на Емил Нилсен и голот на Лазаров донесоа финале. Десниот бек на Нант реализира на 18 секунди до крајот и го повтори ремек делото од дуелот против ГОГ Гудме минатиот месец. Македонскиот капитен постигна два гола, а најдобар стрелец во победничкиот табор беше Валеро Ривера со осум реализации. Кај Монпелје, Јанис Лене запиша шест гола.

Попладнево Шамбери го шокираше составот на ПСЖ и го совлада со 29:28. Без Жанти, Лука Карабатиќ и Конку „светците" не личеа на доминатиот тим од шампионатот. Трита и Костоја беа најдобри кај Шамбери, а голманот Портнер нанижа десет одбрани. Кај ПСЖ најистакнат беше Микел Хансен со вкупно седум гола.

Финалето е на програмата утре попладне во 16:00 часот, во арената во Мец.

Share