hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Серијата продолжува: Нант го преслуша и Кретеј во француското првенство

лазаров со кретеј

Нант - Кретеј 30:25 (13:11)

Ако не беше домашниот пораз од Лемго, есенските месеци на Нант ќе беа целосно перфектни. Екипата на Кире Лазаров во рамките од 11. коло на првенството на Франција го надигра Кретеј со 30:25 (13:11).

Гостите добро почнаа и парираа до 21. минута, кога резултатот гласеше 10:9. Лазаров и соиграчите на одмор заминаа со +2, а на почетокот од вториот дел побегнаа и до седум гола. Финишот им послужи на гостите само да го ублажат пораз.

Лазаров учествуваше во победата со два гола, а најдобар стрелец беше Рок Овничек со четири гола. Кај Кретеј, Јоан Жибелин имаше шест постигнати гола. Со овој триумф Нант се задржа на втората позиција со 17 бода зад водечкиот ПСЖ кој има 20 бода. Во следното коло екипата на Лазаров ќе гостува кај Ним.

Share