hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров меѓу најдобрите, Нант впиша четврта победа по ред

1527672695-180526 HJZ 155419

Нант - Истр 36:31 (19:15)

Перфектниот ноември за ракометарите на Нант продолжува. По пласманот во полуфиналето на Лига Купот, екипата на Алберто Ентрериос запиша уште една победа во шампионатот и сега ракометарите на Нант избија на второто место на табелата по девет кола, веднаш зад суверениот лидер ПСЖ.

Домаќините извојуваа победа од 36:31 против тимот на Истр, кој во ниту еден момент не беше рамноправен ривал. Од самиот старт Нант сер одлепи и диктираше 4-5 гола предност. Во вторите триесет минути разликата во квалитет беше поевидентна и предноста порасна. На крајот без многу драма Нант впиша значајни бодови.

Кирил Лазаров беше автор на пет гола, а најефикасен беше Валеро Ривера со седум гола. За гостите се истакна Андреа Парисини со седум реализации.

ПСЖ е лидер по денешната победа над Шартр од 39:25, а веднаш зад него е Нант, кој со четири врзани победи по ред го мина Сант Рафаел и изби на второто место.

Share