hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант се чекира на завршниот турнир на Лига Купот на Франција

nant liga Kup

Нант - Кретеј 37-29 (17:14)

Четири традиционални француски екипи обезбедија пласман на завршниот турнир на Лига Купот. Екипата на Кирил Лазаров, Нант, запиша значајна домашна победа против Кретеј и го продолжи победничкиот пат во еден од двата француски Купа.

Во дуелот од четвртфиналето домаќинот извојува победа од 37:29 и го елиминираа Кретеј. Во првите триесет минути предноста на Лазаров и соиграчите постојано беше меѓу 2-3 гола, па на одмор се замина со 17:14. Момците на Алберто Ентрериос се одлепија на почетокот на вториот дел и без драма го одбија дуелот.

Ривера и Кавалканти го предводеа тимот со по седум гола, додека кај ривалот шест даде Аман. Лазаров постигна еден погодок.

На завршниот турнир на Лига Купот на Франција, покрај Нант, место обезбедија уште и ПСЖ, Монпелје и Шамбери.

Share