hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Регионалниот актив на новинари Исток-Штип го награди Кирил Лазаров

кире лазаров признание 1

Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров доби уште едно признание во долгата низа во текот на неговата професионална кариера.

Регионалниот актив на новинари Исток-Штип синоќа додели две признанија на свои сограѓани за постигнати успеси во 2020 година. За најдоброто во спортот во источниот регион за 2020 година признанието го доби нашиот најдобар спортист Кирил Лазаров. Македонскиот репрезентативен капитен, лидер и од оваа година и селектор ја одведе Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, победувајќи ја Данска, Финска и Швајцарија. Потоа, како селектор на кадетската репрезентација играше финале на ЕХФ шампионатот во Скопје.

кире лазаров признание 3

Со својот Нант изненадувачки стигна на „фајнал-фор" на Лигата на шампионите, каде во полуфиналето загуби од Барселона. Претходно, Нант ги елиминира Киелце и Веспрем на патот до полуфиналето.

За најдоброто во образованието за 2020 признанието го доби наставникот во ООУ Кирил и Методиј - Иле Михајловски.

На носителите на признанијата организаторот им честиташ со желби за уште многу признанија и многу успеси.

Share