hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кадетите го загубија финалето од полската селекција

M19-EHF-Ch-POL-MKD-15.08.2021-4765-768x512

ЕХФ Шампионатот на кадети - финале

Македонија - Полска 33:35 (17:17)

Македонската кадетска репрезентација го освои второто место на ЕХФ шампионатот кој се одржа во Скопје откако во финалето во СЦ „Борис Трајковски" загуби од Полска со 35:33.

Првото полувреме мина со израмнета игра, а двете репрезентации во неколку наврати се менуваа во водството, во одредени моменти и со по два гола разлика. На половина од првиот дел Полска имаше 9:7, за потоа Македонија да прејде во водство и во два наврати да дојде до предност од два погодоци, но на паузата се замина со 17:17.

Сепак, полските ракометари многу подобро тргна во второто полувреме, нашите млади ракометари се до 37. минута беа во негатива од само еден гол, по што полските ракометари влегоа во фуриозна серија и направија предност од 24:19. Кратко потоа Полска направи нова серија и во 56. минута веќе беше јасно дека победата ќе ја однесат гостите кои дојдоа до високи +6.

Митев беше најефикасен во редовите на нашата селекција, а по пет погодоци постигнаа Петковски и Атанасијевиќ. Левото крило Петар Атанасијевиќ се најде во идеалниот тим на шампионатот, заедно со најкорисниот ракометар (МВП), Марко Митев.

Share