hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ЕХФ потврди: Нант на Кирил Лазаров директно во групната фаза на Лига Европа

ел групи1

Европската ракометна федерација (EХФ) објави листа од единаесет екипи кои ќе бидат дел од групната фаза во Лига Европа 2021/22. Едно од изненадувањата во Лигата на шампионите минатата сезона, француски Нант е сигурен учесник во Лига Европа. Кирил Лазаров и соиграчите со сигурност ќе бидат еден од фаворитите во ова натпреварувања.

Директно во групната фаза од октомври 2021 до март 2022 ќе настапат:

Нант
Еурофарм Пелистер
Магдебург
Горење Велење
Савехоф
Винтертур
Татран Прешов
Чеховски Медведи
Кокс
Бидасоа Ирун
Татабања

ЕХФ ќе додели една „вајлд-карта", а останатите дванаесет места ќе бидат познати по одигрувањето на двете квалификациони кола. Со четири групи од по шест екипи ќе се игра групната фаза од десет кола, а потоа следува нокаут фаза со осминафинале, четвртфинале и завршен „фајнал-фор".

Титулата од минатата сезона ја брани Магдебург од Германија.

Share