hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го официјализира договорот со Лазаров за следната сезона

lazarov dogovor

Капитенот на најдобрата македонска репрезентација потврди дека и во натпреварувачката сезона 2021/22 ќе ги брани боите на францускиот клуб Нант. За официјалниот клупски сајт Лазаров изјави дека следната сезона ќе биде последна во професионалната кариера на Кирил Лазаров кој официјално ќе се пензионира во јуни 2022 година на 42-годишна возраст.

„Среќен сум тука, приврзан со клубот, ракометарите и фановите. Посебно по една вака успешна сезона, заокружена со „фајнал-фор" на Лигата на шампионите. Тоа многу ми значи. Можам уште да му дадам на тимот следната сезона, па затоа останувам. Сезоната во пандемија беше тешка за сите нас. Со младите се чувствувам помладо и јас. Атмосферата е одлична, јас им помагам, но и тие ми се добредојдени. Мојата визија сега е подеднаква и како играч и како тренер и мислам дека тоа може да биде од помош.

Дефинитивно ова ќе биде мојата последна сезона како играч, одлуката веќе е донесена. Кога ќе преброите, поминаа многу години. Но, најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да биде добро и да не чувствувате болки. Отсекогаш сум се трудел да бидам што попрофесионален. Секогаш се чувствувам во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам без тешкотии", рече Лазаров за клупската веб страница.

Македонскиот ас следната сезона со Нант ќе игра во групната фаза на Лига Европа.

Share