hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Да одиграме за наша душа и победнички да го завршиме циклусот

lazarov mkd2

Секој репрезентативен натпревар е важен. Селекторот Кирил Лазаров наметна победнички менталитет кај младиот состав на македонската ракометна репрезентација. Иако нема големо резултатско значење за нашиот национален тим, утрешениот натпревар против Швајцарија не е неважен.

Селекторот Лазаров најавува борбена игра и триумф.

„Атмосферата е одлична и на сите ќе ни значи доколку победиме. Им напоменав на ракометарите дека Швајцарија е екстра квалитетна репрезентација, која на последното СП им направи големи проблеми на сите големи селекции. Не е истата репрезентација која што ја победивме во октомври пред СП, имаат многу промени, во составот, тактички и стратегии. Тешко е да се подготвиш за еден противник како што е Швајцарија, но ние имаме доволно време, исто еден голем предизвик за нас како стручен штаб е да се подготвуваме за репрезентации како што е токму оваа. Останува максимално да се подготвивме, ќе пробаме за душа, за Велигден да одиграме квалитетен натпревар, победнички да го завршиме овој циклус", смета Лазаров.

Македонија само еднаш во историјата квалификациски циклус завршила со пет победи од шест натпревари и триумф над Швајцарија ќе значи израмнување на нашиот најдобар резултат во историјата.