hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Подвиг на Нант, совладан ПСЖ среде Париз во француската лига

лазаров со псж

ПСЖ - Нант 24:25 (12:13)

Во спортот нема непобедливи, па така по три години и Нант го совлада ПСЖ во француското првенство и тоа на гостински терен. „Светците" на Раул го претрпеа првиот пораз оваа сезона, а екипата на Кирил Лазаров имаше одличен тест пред ЕХФ неделата и најавата за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Веспрем.

Лазаров го предводеше својот тим до големи бодови на тешкото гостување и до триумф остана на третата позиција на табелата. Во поголемиот дел од натпреварот тимот на Енрериос водеше, а на полувреме гостите водеа со +1. Голманот Нилсон бранеше чудесно и носи големи заслуги за овој триумф.

Во второто полувреме Нант водеше најчесто со 2-3 гола разлика, а кога беше најпотребно погоди Лазаров за +4. По неговата реализација гостинската екипа побегна на недостижна разлика и без поголеми проблеми беше обезбедена победа од 24:25.

Кирил Лазаров постигна четири гола, како и Мине и Балагер. Блескаше Нилсен со 43% успешност на интервенции.

Ова е прв пораз сезонава за тимот на ПСЖ, но останува лидер на табелата во најсилната француска лига.

Share