hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова поволна ждрепка за Атлетико Мадрид

trofej

Денес во просторриите на ASOBAL во Мадрид беа извлечени паровите за четвртфиналето на Купот на шпанскиот крал. Последниот чекор до Фајнал-фоур во мај наредната година, Атлетико Мадрид мора да го направи во двомеч со каталонскиот Грањолерс. Првиот меч се игра на 27 фебруари 2013 година на гости, а реваншот на 27 март во „Висталегре„ во Мадрид. Во првенствениот меч во гланиот град пред нешто повеќе од еден месец, Атлетико го совлада Грањолерс, кој демонстрираше цврст отпор. Еве ги сите двојки за четвртфиналето:

Грањолерс - Атлетико Мадрид
Натурхаус Ла Роха - Сиудад Енкантада
Арагон - Барселона
Адемар Леон - Пуеро Сагунто

Share