hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров - кандидат за личност на годината?

kire 13 12 2012

Се до 23 декември сите читатели на престижниот традиционален македонски дневен весник „Нова Македонија„ можат да гласаат за личност на годината. Оваа награда ќе ја добие еден од десетте номинирани кои ја афирмираа и прославија нашата земја во 2012 година. Кирил Лазаров кој во годината која изминува имаше серија на професионални успеси, веројатно ја привршува кон крај најуспешната сезона во кариерата. 5 место со македонската репрезентација на Европското првенство во Србија со титулата најдобар стрелец со 61 гол.

Потоа учествуваше на олимписките квалификации во Гетеборг, па играше финале на Фајнал-фоур во Келн и Лигата на шампионите ја заврши како втор стрелец, а реномираниот „Планет хендбал„ го прогласи за МВП на последното издание на најпрестижното клубско натпреварување во Европа. Кулминација на годината беше освојувањето на светската клубска титула во Доха на почетокот од септември и постигнувањето на 1000 гол за Македонија на квалификациониот натпревар со Португалија. Покрај Лазаров меѓу 10 номинирани од спортистите се Наумче Мојсоски и Оливера Наковска - Бикова.

Кандидати за личност на годината според „Нова Македонија„

- Ана Дурловски (сопранистка)

- Никола Љупев (извршен директор на „ВИП Оператор„)

- Наумче Мојсоски (ракометар)

- Драги Аргировски (претседател на Сојуз на здружение на пензионерите)

- Живко Мукаетов (генерален директор на „Алкалоид„)

- Оливера Наковска - Бикова (параолимпијка)

- Гарабет Тавитјан (музичар)

- Лабина Митевска (директорка на филмскиот фестивал „Браќа Манаки„)

- Кирил Лазаров (ракометар)

- Отец Партениј (игумен на манастирот „Свети Јован Бигорски„)

Гласајте за вашиот фаворит на следниот линк:

Share