hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико Мадрид брзо им се врати на победите

kire 12 12 2012

Адемар Леон - Атлетико Мадрид 28:29 (16:16)

Само три дена по поразот во шпанското „класико„ од Барселона, Душебаев им постави цел на своите ракометари да се добијат преостанатите два натпревари од ASOBAL лигата, како подобро би се подготвил ASOBAL купот за 10 дена во Виго. Во спектакулаерн амбиент и претставување на домашната екипа како во NBA лигата, дуелот започна со голот на Ивано Балиќ.

Мотивирани од домашната публика, ракометарите на Адемар Леон преку Кариљо и Гони дојдоа до 2:2. Гостинскиот тренер Талат Душебаев се одлучи за прв пат во сезоната да го стави високиот Јаков Гојун и во напад, покрај играта во одбрана. Лазаров во 8 минута со скок шут го постигна својот прв гол за 2:3. Со два гола на искусниот Руезга, домашната екипа за прв пат поведе со 5:4. Од контранапад од преку 11 метри нашиот Лазаров го врати водството на Атлетико Мадрид точно на половина полувреме (7:8). Кога Гојун погоди два пати од дистанца и Агинагалде на додавање на Лазаров, екипата од главниот град имаше 8:10. Но жилавата домашна екипа со добра одбрана дојде до егал ситуација до полувреме. По исклучувањето на Бараше и интервенциите на Малумбрес, екипата на Адемар Леон со головите на Кариљо и Руезга поведе со 11:10. Расположениот Лазаров погоди по трет пат за 11:11, а во игра гол за гол се влезе во последната минута. Бараше израмни на 16:16, а и по тајм-аутот, Адемар Леон не погоди во последниот напад. Одлично прво полувреме во кое Атлетико Мадрид имаше проблеми во одбраната да ги сопре акциите на тимот од Леон.

На почетокот на вториот дел Дал застана на голот на гостите на местото на Шабановиќ. По израмнетите први 5 минути, Николај Меркусен го врати водството на вицешампионот (18:19). Кабањес и Вражалиќ одржуваа дистанца, а во 55 минута Парондо од 7 метри погоди за 21:22. Секогаш концентрираниот Јонас Калман од својата позиција на лево крило го врати водството на фаворитот (22:23). Во централната фаза од вториот дел и покрај добрата игра на домашната екипа Маркусен и Лазаров од пенал зголемија на 23:25. Најрасположен кај гостите беше Маркусен, кој кога се „кршеше„ резултатот често погодуваше од голема далечина. На 10 минути до крајот Јаков Гојун беше исклучен и на Адемар Леон му се укажа шанса да се врати во мечот. Откако Дал го одбрани ударот на Гони, аргентинецот Кароу намали на -1. Дури и имаа напад за израмнување, но Давид Дејвис од контра го врати спокојот (25:27). Но во текот на целиот меч се играше израмнето и само детали одлучуваа. Расположениот Агинагалде со својот шести гол на 4 минути пред крајот зголеми на 26:28. И кога на 120 секунди до крајот на домашните ракометари им се укажа шанса изблокиран беше Вражалиќ, а Балиќ со инвидуална акција изнуди седмерец. Лазаров на 69 секунди до крајот со својот петти гол го одлучи победникот. Маноло Каденес побара минута одмор. За половина минута со човек повеќе Руезга погоди за -1, а Душебаев на 11 секунди до крајот побара тајм-аут. Балиќ ја сочува топката и со 28:29 Атлетико Мадрид славеше по 12 пат во 14 меча оваа сезона.

Во победничката екипа Маркусен и Агинагалде постигнаа по 6 гола, а Лазаров одигра одличен меч и во поделена минутажа со Бараше имаше 5 гола и 3 асистенции. Кај Адемар Леон блескаше Руезга кој по повредата се врати во голем стил со 10 гола. В недела со Ваљадолид во „Висталегре„ Атлетико Мадрид го игра последниот домашен меч во 2012 година и последниот тест пред ASOBAL Купот во Виго наредниот викенд.

Комплетниот извештај од натпреварот погледнете го ТУКА:

Share