hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса го зададе најсилниот удар во борба за ASOBAL титула

kire 09 12 2012

Атлетико Мадрид - Барселона 22:25 (11:12)

Одлично исполнетиот „Висталегре„ во Мадрид беше поприште на најголемиот ракомете натпревар на денешницата. Големото ривалство на Атлетико Мадрид (претходно Сиудад Реал)и Барселона доби нова епизода во првото првенствено „класико„ во ASOBAL лигата оваа сезона. Екипата на Душебаев и Лазаров беше желна за реванш за поразот во Суперкупот на Шпанија. Жестоката борба можеше да се претпостави уште по првите напади. Рутенка по само 21 секунди го отвори резултатот. Домаќините почнаа видливо мотивирани, но против себе го имаа Арпад Штербик за прв пат во меч за бодови против бившата екипа.

Токму првите интервенции на шпанскиот репрезентативец доведоа Барса да се одлепи на 1:3 со головите на Страновски и Рутенка од пенал. Но црвено-белите со „бомбите„ на Маркусен и расположениот Јонас Калман брзо фатија ритам. Бараше и Лазаров кои постојано се менуваа на позицијата десен надворешен напаѓач со своите први голови го донесоа првото водство на домашната екипа (6:5). Во централната фаза на првиот дел норвежанецот Дал исто така почна да ги брани ударите на каталонците, а Калман со уште два гола израмни на 8:8 во 20 минута. Во тој период Атлетико Мадрид два пати играше со човек помалку и Талант се одлучи да го внесе Парондо и да игра 6 на 6 во поле со празен гол. Тоа му донесе резултат да го одржи нерешениот резултат се до крајот на првиот дел. Но Пасквал го внесее високиот Монторо во последните 7-8 минути и бившиот играч на Адемар Леон ја направи разликата на теренот. Погоди два пати во првиот дел, а последен пат на 2 секунди до крајот на полувремето, по шемата која предходно на тајм-аутот ја подготви клупата на шампионот. Израмнето прво полувреме со по 8 одбрани на Дал и Штербик и атомски одбрани, против кои не беше лесно да се мине.

Второто полувреме почна со голот од седмерец на Лазаров, на кој возврати Раул Ентрериос. Ширината на клупата на првакот можеше да се почувствува како предност во ова големо дерби. Чави Пасквал ги ротираше сите ракометари од клупата и Нодесбо од линијата погоди за 12:14 во 35 минута. Кога во наредниот напад Штербик одбрани, Раул Ентрериос погоди два пати за прво водство од 4 разлика на Барселона (12:16). Црниот период на мадриѓаните продолжи, кога Штербик ги одбрани казнените удари на Лазаров и на Парондо. Во наредниот напад Рутенка од седмерец ја комплетираше серијата 5:1 на гостите за високи 12:17. Пивотменот Агинагалде во 12 минута од вториот дел го постигна само вториот гол на Атлетико по одморот (13:17). Парондо и Бараше ја заокружија најпозитивната серија на екипата на Душебаев (3:0) за нов приклучок 15:17. Но пак Барса „нагази„ и Раул Ентрериос и Мартин Страновски со два гола од десната одбранбена страна на Атлетико, зголемија на 15:19. Тогаш французинот Сорондо беше исклучен, а Лазаров го најде осамен на крило најрасположениот кај европскиот вицешампион Калман за -3. Македонскиот интернационалец потоа со скок-шут од 10 метри по трет пат погоди за 17:19. Јоан Канељас од седум метри се доближи на само гол до гостинот од Барселона и Пасквал повика тајм-аут (18:19). Шутерското шоу по една минута одмор го започна Рутенка од чекор, но возврати Маркусен на ефектен начин. Во оваа фаза од мечот голманите останаа без одговор, па двете екипи погодија по четири последователни напади (21:22). И во 53 минута по многу напори, Атлетико дојде со напад за израмнување и Душебаев побара тајм-аут. Но веднаш Атлетико ја загуби топката, а Страновски од контра го врати спокојот кај шампионот. Данецот Николај Маркусен беше последната надеж на домашната екипа. И по 10 минути без интервенција и без Пасквал да го замени со Шариќ, јунакот на голот на гостите Арпад Штербик со две интревенции го олесни патот до победата. На 35 секунди до крајот Калман изнуди седмерец, но Јоан Канељас ја погоди пречката и Виктор Томас ја запечати судбината на светскиот клубски првак (22:25). Победа со која Барса ги стави рацете на уште една титула, бидејќи тешко е за очекување дека екипа со ваков квалитет може да си дозволи неколку киксови во пролетните средби.

Раул Ентрериос со 8 гола беше јунак кај Барса, Рутенка придодаде уште 6, а Арпад Штербик собра 17 интервенции. Кај Атлетико Мадрид Маркусен и Калман постигнаа по 5 гола, Лазаров забележа 3, а голманите Дал и Шабановиќ заедно одбранија 13 топки.

Комплетниот извештај од натпреварот погледнете го ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share