hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Најдобриот Атлетико оваа есен го „визира„ четвртфиналето

kire 04 12 2012

Академија Октавио - Атлетико Мадрид 24:36 (10:18)

Од оваа сезона во Шпанија комплетно е сменет системот на натпреварување во Купот на шпанскиот Крал. Така елиминационото гостување во Виго кај Академија Октавио требаше да биде прекин на серијата од два меча без победа за големито Атлетико. Лазаров и уште четворица кои не играа во Германија, им се приклучија на соиграчите кои во Галиција пристигнаа директно од Северна Германија. Маркусен во свој стил во отвори резултатот по половина минута. Академија Октавио на крилата на своите навивачи, влезе мотивирано и во првите 6-7 минути комплетно парираше. Јонас Калман по неиграњето во Германија, од крилна позиција прв пат погоди за 3:4.

Но Филип Калман на спротивната страна со два гола во серија одржуваше егал почеток. Кирил Лазасров првиот гол го постигна од седмерец на половина полувреме за 6:7 за актуелниот куп освојувач. Прв пат една екипа побегна на повеќе од еден гол дистанца, кога Маркусен и Роберто погодија за 7:9, а играта на мадриѓаните, пред се во одбрана, се стабилизираше. Таквата стабилност и брзата транзиција, донесе уште еден лесен гол на Раберто, а кога Канељас погоди од чекор, домашната клупа побара тајм-аут да ја сопре серијата на фаворитот од 0:4. Но и по една минута одмор, на теренот постоеше само една екипа. Јоан Канељас со својот втор гол зголеми на 7:12, во едно од најдобрите први полувремиња на Атлетико оваа есен. Лазаров ефектно го дотолчи домаќинот од Виго со вториот гол за +3 за гостите. Кога веќе немаше знаци на „живот„ од Академија Октавио и Роберто го наполни домашниот гол за 7 разлика на 7 минути до одморот. Серијата на ракометарите на Талант ја заокружи Дејвис со неговиот првенец, за 8 неодговорени гола на екипата од главниот град. Во последните три минути од првиот дел се влезе со +9 за Атлетико Мадрид, откако на голот на Качеда, Маркусен од контра и Бараше, донесоа највисоки 8:17. Њуњез и Полаковиќ за прв пат постигнаа два врзани гола во оваа фаза на средбата, во која постоеше само гостинската екипа (10:17). Со првиот гол на Еду Фернандез и 7 интервенција на Шабановиќ, заврши првиот дел, скоро без грешка за екипата на Талант, со 10:18 за фаворитот.

Вториот дел започна како што заврши првиот. За скоро сите ракометари на екипата која постојано води, да се запишат меѓу стрелците, се погрижија Јуркиевич и Масач за 10:20. Ритамот на голови од двете страни, доведе најнапред Академија Октавио преку Качеда, па Атлетико Мадрид со головите на Бараше и Јонас Калман да ги задржат високите +10 (13:23). Лазаров го одржа стопостотниот биланс со третиот гол во мечот, од 7 метри, за 15:26 за светскиот клубски првак. Нашиот ас влезе во ритам и со уште два гола во негов стил, се наметна како прв стрелец на средбата (19:29). Агинагалде, Канељас и Роберто го декласираа тимот од Виго за највисоки 19:32. Дури и Јаков Гојун погоди од контранапад. Единствено Филип Калман и неговите 7 гола му парираа на мега-звездите на Атлетико Мадрид. Гојун на додавања на Лазаров и Јуркиевич постигна уште три гола за „запечатување„ на судбината на Академија Октавио (22:36). Лесно обезбеден пласман во наредниот круг од Купот за Атлетико Мадрид со Кирил Лазаров во добар ритам. 5 гола и 3 асистенции за македонскиот капитен. Ако не беше Филип Калман и неговите 8 гола, кој знае како ќе минеше Академија Октавио.

Очигледно ремито во Сарагоса позитивно делуваше на амбиентот во Мадрид и црвено-белите одиграа голем меч во Кил и без мака го визираа пасошот за четвртфиналето на Купот на шпанскиот крал. Сега вака расположени, Лазаров и другарите имаат неколку дена да го подготват супер дербито со Барселона в недела од 13 часот.

Share