hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров, Балиќ, Агинагалде и Калман не отпатуваа во Германија

kire 011220121111

Во четвртиот меч во 2012 на големите ривали Кил и Атлетико Мадрид, шпанскиот тим отпатува во Германија без неколку стандардни ракометари. Со оглед на тоа што во вторник следува елиминациониот меч од Купот на шпанскиот Крал во Виго со Академија Октавио, а наредната недела големото ASOBAL дерби со Барселона, Душебаев се одлучи да ги ротира своите ракометари.Така мечот в недела во Кил нема да може да го поправи пласманот на Атлетико Мадрид, кој сигурно ќе остане на третото место зад Веспрем и Кил во групната фаза од Лигата на шампионите.

Босанецот Аднан Шабановиќ не може да брани на европски натпревари во првата фаза, а нашиот Лазаров, хрватот Балиќ, Агинагалде и стрелецот на израмнувачкиот гол во Сарагоса, Јонас Калман не заминаа за Германија и ќе одмараат во Мадрид. Кирил Лазаров за прв пат одмора оваа сезона по 24 меча за Атлетико Мадрид и 2 за Македонија. Четворицата ќе му се приклучат на екипата во Галиција, каде експедицијата на Атлетико Мадрид директно ќе пристигне веднаш по мечот со Кил во Германија.

Share