hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Суперкупот се сели во Барселона

atle barc

Атлетико Мадрид - Барселона 31:34 (13:17)

Долгонајавуваниот Суперкуп на Шпанија меѓу гигантите Атлетико Мадрид и Барселона започна со едноминутно молчење, како сочуство за смртта на таткото на Кирил Лазаров. Со веројатно втората најголема посета во „Висталегре„ на еден ракометен натпревар (9.000 гледачи), започна офанзивното шоу на најдобрите ракометари во Шпанија и светот. Ракометарите на Чави Пасквал подобро влегоа во натпреварот и брзо побегнаа со предност во резултатот. Но по приклучокот на Агинагалде (7:7) започна серијата на каталонциоте. Со два-три неодговорени гола, гостите дојдоа до одлепување на средина од првиот дел до огромни 7:14. Ако минатата година во истиот Суперкуп дуел, Барселона прокоцка голема предност по првиот дел и загуби, сега не ја повтори истата грешка. Посебно мотивиран беше бившиот ракометар на Сиудад Реал, Шареј Рутенка, кој само во првиот дел со 6 гола го носеше тимот на шпанскиот првак до победата.

Вториот дел започна со гол со човек помалку на домаќините преку Береше. Но разликата од 3-4 гола, каталонцоте ја одржуваа благодарение на одбраните на Шариќ и головите на Томас и Раул Ентрериос. Сепак со голот на Калман, Атлетико дојде на -2, имаше и зицер преку Береше, но репрезентативецот на БиХ, Даниел Шариќ изворедно одбрани. Дојде и средината на второто полувреме, а Рутенка од седмерец ги одржа најчестите 3 разлика (21:24). Но имагинацијата на Балиќ го одржуваше тимот на Душебаев. Најнапред реализираше контранапад, па со асистенција го најде Агинагалде за 23:25. Но на спротивната страна Рутенка продолжи со импрсивната партија и со изворедна асистенција го најде Нодесбо за 23:26. Кога и Раул Ентрериос погоди минута подоцна, првакот пак побегна на +4. Централната фаза од вториот дел донесе реализација скоро на секој напад, слаби одбрани и малку интервенции на голманите. Ниту двата врзани гола на Јоан Канељас во 49 и 50 минути, не го поколеба Рутенка да ја „решета„ мрежата на куп победникот од Мадрид. Ниту смената на голот на Атлетико (Дал место Омбрадос) не ја прекина серијата на Барселона. Дури Гојун во 54 минута од контранапад намали на 28:31 и остави трошка надеж за пресврт. Но со два лесни гола на Гурбиндо и Раул Ентрериос, победникот беше решен на влезот во последните три минути. Лазаров со својот трет, потоа и четврт гол успеа само да намали, а поразот беше неизбежен. Нашиот капитен постигна 4 гола за својата минутажа, која не беше така голема. Имаше 3 од игра и 1 од седум метри. Повоиграната екипа на Барселона го искористи моментот на конструкција на новиот Атлетико без повредениот Маркусен и заслужено го совлада.
 
barca trofej

Најкорисен играч на Суперкупот беше Шареј Рутенка од Барселона, на крајот автор на 12 гола. По две титули за Атлетико Мадрид, Супер купот на Шпанија се сели во Барселона. Двете екипи во овој Суперкуп покажаа дека пак ќе бидат единствени кандидати за титулата во ASOBAL лигата. В среда екипата на нашиот Лазаров во 1 коло од новото првенство во Мадрид го дочекува тимот на Натурхаус Ла Роха од Логроњес.
 
You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video
Share