hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Парондо како и Лазаров предвидува сезона ПРО Атлетико Мадрид

417245 296665713721106 637391327 n
 
Како првиот училишен ден, стартот на подготовките на секоја екипа се гледа со многу ентузијазам. Иако главна тема се мечевите од машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Лондон, сепак во кулоарите блиски до Атлетико Мадрид, се врши и целосна кампања за новата сезона. Од пред неколку недели пуштени се во продажба годишните билети за новата ASOBAL лига и на клубската управа не му е лесно да го наполни „Висталегре„ во Мадрид.
 
Од пред некој ден Лазаров и соиграчите се преселија во главниот град, каде ќе живеат од оваа сезона и нема да патуваат за секој тренинг и натпревар како до пред некој месец. Потенцијалниот шпански репрезентативец Роберто Гарсија Парондо во промоцијата на клубскиот проект за што повеќе гледачи на мечевите на Атлетико Мадрид, потенцираше како и нашиот капитен дека чувствува дека ова ќе биде сезона на Атлетико Мадрид.

"Оваа сезона како и претходната носи нешто ново. Оваа година е нова за засилувањата, ние останатите во Атлетико Мадрид имаме една година искуство, но ново е и за нас бидејќи се преселивме во градот и верувам во многу спортски успеси. Сите луѓе кои ќе дојдат во нашата арена ќе бидат задоволни. Салата е многу голема и верувам дека ќе ги има што е можно повеќе. Чувствувам дека ова е наша сезона и затоа ве повикувам да бидете со нас во „Висталегре„ заврши Парондо.
 
You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video
Share