Како сакате наречете го Кирил Лазаров, неговите голови ја подигнуваат публиката на трибините, се вжештува адреналинот на навивачите, расте самодовербата кај соиграчите. И ако кај нас често се скандира името, се споредува неговиот шут со „атомска бомба„ во Шпанија најлесно им е да се скандира Киро гол, Киро гол, Киро гол. На домашните мечеви во Мадрид, но и на последното гостинско дерби со Барселона во „Палау Блауграна„ навивачите континуирано го извикуваа новиот заштитен знак на Лазаров во Шпанија.