Селекторот на македонската ракометна репрезентација деновиве заминува во Романија, каде од 18 август ќе ги започне подготовките со романскиот шампион Констанца. Екипата во која неколку сезони настапува Бранко Ангеловски ќе игра квалификации за влез во групната фаза на Лигата на шампионите.
Пред заминување Шундовски зборуваше за ТЕРА ТВ и за официјалната веб страна на Кирил Лазаров. За прв пат во кариерата се соочува со можност да игра против екипа во која настапува неговата главна "алка„ во репрезентацијата Кирил Лазаров. Но селекторот не брза и акцент фрла на квалификациите.