Откако веќе потпишаа Јаков Гојун и Ксавиер Береше, Атлетико Мадрид одлучи дека треба да се зајакне "стожерот" на неколку позиции. Прво потпишаа со сега веќе поранешниот играч на Ваљадолид Ангел Ромеро Родригез.
Тој се приклучи во Ваљадолид во 2010 година, по претходно помината една година во Натурхаус Ла Роха - Логроњес и Валенсија пред тоа. Тој 28 годишен, 202 см висок и 113 кг тежок. Покрај него официјално е доведувањето и на Алваро Ферер од Адемар Леон. Атлетико Мадрид го напуштија Дидие Динар (Париз), Чема Родргигез (Фотекс) и Алберто Ентрериос (Нант).