ФОТО: Една прекрасна приказна за солзи
Ова е еден поранешен германски ракометар, кој поради незгода „останa во количка„ но не пропушта ниту еден ракометен собир, а по него се организира и еден локален ракометен турнир... Еден од омилените ракометари токму Кире... дента пред финалето на Лигата на шампионите, еден од нашите македонци, му го подари својот дрес од Кире токму нему...
.
На радоста и немаше крај... тоа беа моменти за експресија до ѕвездите...
Не му се веруваше дека доби македонски дрес од Кире Лазаров...и уште повеќе беше изненаден кога до нас го виде и самиот Кире....
Кире му го потпиша дресот... Радост и гушкање, цели 5 минути...
Утредента го сретнав (пред Финалето) истиот човек низ град, шеташе низ Келн со дресот кој го доби претходниот ден...
Така влезе и во сала... и знаете за кого навиваше, нели?
Јас и сега кога ги гледам сликите, ми потекоа солзи радосници, кога ми одговори со реченицата „ Кире е за мене најголем, отсега постојано ќе сум само за Македонија! Кире најдобар во светот, тоа секогаш сум го зборувал„. А за тоа се уверив, кога го гледав неколку минути на финалето, во нашиот дрес, како се нервираше и колку беше нервозен на крај... не му кажав дека и тоа го снимав...наскоро ќе го презентирам во еден краток филм...приказна која ме остава без зборови...