hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Осминафиналето е прв приоритет

kire 03 01 1

На прес-конференцијата која заеднички ја организираа РФМ и МОК во СРЦ „Кале„ во Скопје, македонските ракометни репрезентативци и селекторот се обратија до јавноста пред утрешното заминување за Ниш.

„Наша прва цел е да победиме на првите два натпревара против Чиле и Катар и да се пласираме во осминафиналната фаза на Светското првенство, а потоа во зависност од освоеното место во групата ќе се правата следните калкулации. Но, иако сме поквалитетни од овие два противника, не смееме ни да помислиме дека тоа ќе бидат лесни натпревари и затоа треба да влеземе максимално борбено и да одиграме како што посакуваме за да ја постигнеме целта. Не очекувам дека вклучувањето на неколку помлади репрезентативци на сметка на повозрасните и поискусни ракометари кои не добија повик за шампионатот, ќе има негативни последици врз резултатите. Напротив, спојот на искуството и младоста може да биде дополнителен мотив за постигнување на подобри резултати„ рече македонскиот селектор Звонко Шундовски.

 kire 03 01 02

„Конечно имаме, ако може да се каже, континуитет на големи натпреварувања, имаме и традиција за подготвување за тие натпреварувања. За разлика од пред две години, имавме нова база тоа е Пореч кој беше одбран поради сличноста на климата во Шпанија. Мислам дека имавме успешни подготовки и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме стартот на СП. Ни останува главното, тактичкиот и психолошкиот дел. Ни остануваат двете контроли против Србија и Египет каде ќе видиме каде се нашите слаби и силни страни. Овие мечеви ќе ни помогнат што поподготвени да го дочекаме првиот меч против Чиле на 12-ти јануари„ изјави капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров.

„Катар и Чиле се незгодни ривали. Немаме многу информации, затоа треба да бидеме внимателни. Ова се можеби и најважните натпревари на Светското првенство. По освојувањето на 5.место на Европското во Србија, сите не гледаат поинаку и се помотивирани кога играат против нас. Во тие два натпревара најголема опасност сме самите ние. Мораме да играме 100 %, на секој натпревар и да не мислиме на следниот ривал и тоа што ќе го договориме да го исполниме. На натпреварите со Србија и Египет треба да е воиграме. Важен ќе биде и резултатот, но не по секоја цена„ изјави за медиумите Борко Ристовски кој последен се приклучи по клубските обврски. Делегацијата на нашата ракометна репрезентација в петок од 9:30 наутро заминува за Ниш а се враќа в сабота вечер по мечот со Србија.

Share