ВИДЕО: Канељас: „Моравме да бидеме подобри во првиот дел„
На ова светско првенство Јоан Канељас им донесе огромна радост на шпанците по победата против Данска во четвртфиналето, но не можеше ништо да стори против моќниот европски првак. Како и многумина и тој потврди дека незамисливо беше да се примат 18 гола во првото полувреме против ривал како Франција:
„Дадовме се од себе да победиме. Не успеавме и тоа не е најубаво чувство. Одигравме одлично второ полувреме, но проблемот беше што не одигравме добро прво полувреме во одбраната. Тие ни дадоа многу голови, лесни голови, сега е тешко да анализираме, но моравме да бидеме подобри во првиот дел„ изјави Јоан Канељас по поразот од Франција. По Тунис 2005 и Шпанија 2013 година кога „црвената фурија„ освои злато и Шведска 2011 кога беше бронзена, утре момците на Каденас ќе се обидат да освојат уште еден медал, што би бил петти во серија од големите европски или светски приредби.