ВИДЕО: Жером Фернандез: „Никогаш не знаете како ќе изгледате наредниот натпревар„
Како сите случувања околу капитенската трака на францускиот национален тим да му дадоа дополнителна мотивација на Жером Фернандез, кој доби солидна минутажа на мечот со Аргентина и ја искористи во секоја смисла. Делуваше многу посветено, фокусирано, погодуваше и разигруваше, како да се наметнува за место во тимот, а не да е најтрофеен сеуште активен ракометар во националниот дрес:
„Можевме да си дозволиме да играме недоволно добро во првата фаза, но сепак победувавме. Сега покажавме раскошна игра, и во одбраната и во нападот, игравме комбинаторно, атрактивно и мислам дека оваа победа не значи само четвртфинале туку и многу повеќе. Словенците не познаваат, но и ние нив. Имаат одлична генерација, играат полетно. Тоа сигурно ќе биде многу потежок меч. Ја подигаме формата, но никој не може да ви каже што носи наредниот меч, па не можам да ви кажам дали ќе бидеме подобри или не во четвртфиналето„ истакна ракометарот на Тулуз, кој се носи со помладите Акамбре, Карабатиќ, Гранвил и најавува дека ќе игра и на Летните Олимписки Игри во Рио наредната година. Франција се наоѓа на чекор до квалификација и до исполнување на првата цел. Втората е светската титула, која во случај в недела да ја освојат, ќе биде придодавање на олимписката освоена во Лондон и европската во Хернинг.