Познати осумнаесетте патници за Светското првенство во Полска и Шведска
Кирил Лазаров ги избра силите на кои ќе смета на Светското првенство, кое го стартуваме во петок. Toj се одлучи за 18 јунаци кои ќе не претставуваат во Краков.
Во изминатите десетина дена, македонската селекција броеше 22 играчи на тренинзите и натпреварите, но вечерва отпаднаа голманот Марко Кизиќ, десниот бек Давид Савревски и левото крило Цветан Кузмановски.
Голмани:
Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар 1961)
Леви крила:
Дејан Манасков (Вардар 1961), Петар Атанасијевиќ (Еурофам Пелистер 2)
Леви бекови:
Филип Талески (Вардар 1961), Иван Џонов (Пролет)
Средни бекови:
Филип Кузмановски (Хановер), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Павле Атанасијевиќ (Еурофам Пелистер)
Десни бекови:
Томислав Јагуриновски (Пролет) Мартин Серафимов (Алкалоид)
Десни крила:
Гоце Георгиевски (Вардар) Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
Кружни напаѓачи:
Никола Маркоски (Алкалоид), Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Костадин Петров (Тор)
Дефанзивец:
Михајло Младеновиќ (Алкалоид)
Македонија се најде во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а настапот го отвораме против Норвежаните за два дена.