hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Мора да го промениме менталитетот и на секој натпревар да одиме на победа

kire cro

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Хрватска со 40:34 во првиот меч од „Кроација Купот" што се игра во Пореч Иако можеше разликата да биде многу помала, сепак во финишот нашите ракометари нашите ракометари примија три гола и разликата отиде на шест.

„Добредојден натпревар против ТОП 5 репрезентација со играчи од типот на Циндриќ, Дувњак, Карачиќ...кои играат во големи клубот, репрезентација што ќе атакува на висок пласман. Можам да бидам делумно задоволен од она што го прикажавме, иако можеме да жалиме за некои работи што треба да ги поправиме и да бидеме уште подобри. Најмногу ме налути после последниот тајм-аут, каде што имавме три разлика, а за минута и пол заврши шест гола, а тоа не е реална слика. Сепак тоа е спортот и ова е подготвителен натпревар и треба да научиме за да не ни се случуваат вакви работи на СП. Натпреварот се игра до 60 минута, не е исто да загубиш три и шест разлика. Ќе анализираме добро и се надевам дека ќе научиме доста од овој натпревар со репрезентација што години наназад е во врвот на европскиот и светскиот ракомет", вели Лазаров.

Македонија денес игра со Израел во последниот пријателски натпревар пред заминувањето за Краков на Светското првенство.

Share