Победен Кувајт во првиот тест, Македонија победнички ги почна подготовките
Македонија - Кувајт 31:21 (14:13)
Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Кувајт со убедливи 31:21, во првиот подготвителен меч пред Европското првенство, кое се игра во јануари.
Помладите ракометари ја искористија приликата која им ја укажа селекторот и капитен Кирил Лазаров, откако минутажа не добија поискусните Никола Митревски, Мартин Велковски и Цветан Кузманoски. Мартин Серафимов беше најефикасен со седум гола, додека Филип Талески забележа пет погодоци.
Македонија во рамки на подготовките во Маврово ќе одигра уште еден дуел со Кувајт в среда, додека потоа ќе се сретне со Израел во Скопје на 3 и на 4 јануари.