Србија на Дејан Периќ синоќа во Белград го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за континенталниот собир. Србија ремизираше со Романија 30:30 (13:17) во нервозен меч со многу исклучувања, но и многу голови.
Дури во второто полувреме Србите го стигнаа постојаното романско водство и преку Зеленовиќ израмнија за да не загубат. Момир Рниќ со 8 и Дарко Дукиќ и Немања Зеленовиќ со по 7 гола се издвоија во српскиот состав, а Александру Чепреги со 6 гола беше најефикасен во одлично подготвената романска репрезентација.