„Можеби нашето прво место е неочекувано, но ние верувавме во ова. Имаме амбиции и натаму, сакаме да оствариме уште поголем резултат, да не биде дека само ја пројдовме првата фаза.
Имавме три извонредни натпревари, треба да бидеме задоволни. Сега во Вараждин нè чека уште потешка задача. Ако досега нè гледаа како изненадување, сега ќе нè гледаат со други очи. Нема повеќе да бидеме само изненадување", рече средниот бек.