hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Каденас: „Пасијата на мак-ракометот ја запознав во 2009 година„

manolo cadenas 1

Од пред неколку месеци Маноло Каденас е селектор на светскиот првак Шпанија, откако по истекот на договорот Валеро Ривера замина за Катар. Актуелниот тренер на полската екипа Висла Плок, напоредно ја извршува и селекторската функција, а ова е прв голем турнир за него. Тој не запозна со ставовите за нашиот ракометен тими, како и за репрезентацијата која ја има во свои раце:

„Пасијата на вашиот народ за ракометот и репрезентацијата ја запознав во Хрватска во 2009 година. Тогаш тоа изгледаше навистина прекрасно. Вие живеете за оваа игра. Што се однесува до оваа шпанска репрезентација, за разлика од светското првенство моравме да менуваме на три позиции. Ги немавме Штербик, Алберто Ентрериос и Јулен Агинагалде. На претходниот меч со Австрија се врати Јулен и веднаш се забележа колку тој ни значи. Базата на репрезентацијата е иста од мундијалот, а за дефинитивни ставови ќе мора да ги почекаме преостанатите три натпревари„ ни рече Каденас, кој до минатата сезона го водеше Адемар Леон, а претходно беше и тренер на Барселона. Шпанија во досегашниот тек на турнирот доби четири натпревари и загуби само од домаќинот Данска во Хернинг.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share