hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Карабатиќ ја доближи Франција до полуфинале и медал

klod onesta

Франција - Хрватска 27:25 (18:17)

Долгогодишната ракометна класика меѓу Франција и Хрватска подобро ја отворија „коцкестите„ Посебно мотивиран беше Марко Копљар, кој беше силно критикуван во првата фаза на натпреварувањето, а за 30 минути постигна 7 гола и за него момците на Онеста немаа решение.

 Думулин ништо не одбрани и 20 минути триколорите го бркаа противничкото водство. Хрватите помлади и побрзи, одлично играа одбрана и постигнуваа многу лесни голови преку Чупиќ, Дувњак и споменатиот Копљар. По 10:7 и 12:8, франзуците не можеа до бескрај да бидат во дефицит. Се врати Омејер на голот, Никола Карабатиќ многу мотивирано со три гола во 6 минути ја доближи Франција до 14:15. Мишел Гигу со четири реализирани седмерци, последниот со звукот на сирената во првиот дел, за прв пат ја доведе Франција во водство (18:17). Тој финиш на првото полувреме беше најава што ќе се случува во продолжението. Онеста и неговиот помошник Дидие Динар ја затворија одбраната и во 20 минути од вториот дел Омејер прими само три гола.

Легендарниот голман се разбрани и за нешто повеќе од едно полувреме одбрани 11 топки. Безидејната игра на хрватите најчесто завршуваше со удари по блокот и безнадежни пасивни напади. Никола Карабатиќ ја потврди лидерската улога и беше инспиратор на пресвртот. Со серија 6:3 „галските петли„ поведоа со 24:20. Копљар „исчезна„ Алиловиќ не можеше се да брани како во првиот дел и мечот им се излизга од раце на момците на Голужа, а и сами не знаеа како. При 26:23 на 5 минути до крајот настана нивниот задоцнет финиш. Дувњак и Хорват погодија до 26:25 и Онеста побара минута одмор на 65 секунди до крајот. Одлуката ја донесе Карабатиќ со гол на 10 секунди до крајот, со многу среќа откако топката по првиот удар во стативата, пак му се одби в раце.

Победа како што тоа го прават големите репрезентации и скоро па полуфинален билет за „експертите„ на Клод Онеста. Кај победничката репрезентација Н. Карабатиќ и Гигу постигнаа по 7 гола, а Сорондо додаде уште 5. Кај Хрватска Марко Копљар остана на 7 гола, Штрлек постигна 5, а Мирко Алиловиќ имаше 9 одбрани. Франција само теорија ја дели од полуфинале, а на Хрватска му преостанува мечот со Полска и за крај веројатно Дувњак и другарите ќе мора да навиваат за Франција на последниот меч со Шведска.

2 четвртфинална група

Табела

1. Франција 6
2. Хрватска 4
3. Полска 4
4. Шведска 4
5. Русија 0
6. Белорусија 0

Share