ФОТО: „Фалангата„ спремна за мечот со фаворитот
„Фалангата„ повторно е подготвена да одговори на предизвикот. Првите триесетина македонски навивачи пристигнаа во одлично организираната фан-зона околу 17 часот, каде почнаа да ги одмеруваат силите со побројните дански фанови.
Атмосферата беше фантастична, како што минуваше времето така и бројот на нашите фанови се зголемува, а за очекување е за време на натпреварот во арената се очекува да бидат присутни најмалку 500 македонски навивачи, желни да им дадат максимална поддршка на Лазаров и другарите и на ова, како и на претходните големи натпреварувања на кои учествуваше нашиот национален тим.
По мечот Австрија - Чешка бројот на македонски навивачи треба да порасне.