hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Франција и Шведска со победи за место во ТОП 12

Handball1

Очекувани расплети во последните два натпревари од второто коло. Шведска во групата Д во Копенхаген, лесно славеше против Белорусија со 30:22, па заедно со Хрватска од оваа група веќе обезбедија место понатаму. Не помогнаа ниту 13 погодоци што ги постигна Сергеј Рутенка.

Во последното коло во директен дуел Белорусија и Црна Гора, кои досега имаат по два порази, ќе одлучуваат за третиот патник од оваа група во следната фаза натпревари на шампионатот. Франција во групата Ц во Архус, откако претходно славеше над Русија, вечерва со 28:27 беше подобра и од Полска, која се уште може да се надева на пласман понатака поради поразот на Србија од Русија. Во последното коло Полјаците во директен дуел со Русија може да одлучуваат за место во втората групна фаза. Карабатиќ со осум гола беше најдобар кај Французите, додека кај Полска Лучак постигна пет погодоци.

Share