
Повредата на Никола Стојчески го принуди нашиот стричен штаб на првата замена во ростерот кој ќе биде пријавен во официјалниот протокол. Селекторот Ивица Обрван се одлучи да го вклучи Никола Маркоски на списокот за денешниот натпревар со Австрија.
Списокот е дополнет со кружниот напаѓач на Металург, со оглед на тоа што меѓу резервите нема играч на бековската позиција. Прибак има право да игра за нашата селекција дури од вториот круг натпревари на Европското првенство. Па, на денешниот дуел на Австријците, нешто слично како и на СП во Шпанија, ќе им се спротиставиме со тројца кружни напаѓачи во тимот, Стоилов, Н. Марковски и Димовски.