hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Hummel: „Да се има звезда како Лазаров во нашиот тим е фантастично„

hummel 2

Големиот ракометен бренд Hummel не пропушта ни најмал детал од европското првенство кое е во срцето на нивниот најсилен пазар. Дирекцијата во Архус со внимание го следи секој меч, посебно мечевите на нивните „модели„. Лазаров, Хансен и Нарцис се најголеми звезди кои ја носат опремата на Hummel, а на овој турнир играат со ново проектираните жолти патики. Маркетинг директорот Кристине Норден со задоволство говореше за проектот на Hummel и значењето на нашата ракометна звезда Кирил Лазаров за нивната компанија:

„За нас многу значи што сме водечки ракометен бренд и шанса како оваа првенството да се одржува во Данска не смееме да пропуштиме. Затоа ја изработивме оваа посебна патика само за овој настан. Таа патека ја носи Лазаров и останатите наши модели Микел Хансен и Даниел Нарцис. Ова е одлична можност да го промовираме ракометот и нашата работа. Со Кирил се запознавме за време на светското првенство во Хрватска 2009 година. Тогаш беше млада надоаѓачка звезда, многу ракометен тип, но извонреден ракометар. Тогаш и го собори рекордот на сите светски првенства. За нас да имаме звезда како Кирил во нашата група е фанстастично„ ни рече Кристине Норден.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share