hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Израмнет вториот најдобар резултат на европските првенства

danska rakomet

Победата против Австрија од 22:21 е петтата наша победа на европските првенства и со тоа најмалку е израмнет вториот најдобар резултат, 12 место од европското првенство во Италија 1998 година. Нема дилеми дека секој шампионат има своја тежина и секој резултат своја вредност, но веќе е остварена почетната цел во Данска.

Со пласманот во втората фаза и фактот дека ќе пренесеме бодови, ни отвора нови хоризонти во обидот за што е можно подобар пласман во продолжение на турнирот. До крајот на вечерта ќе се знае колку бодови ќе пренесеме и која селекција заедно со Шпанија и Исланд ќе биде нашиот трет ривал во втората групна фаза. Од дуелот Норвешка - Унгарија ќе зависи третиот тим кој од групата во Алборг ќе мине во наредната фаза и ќе биде наш противник.

Share