Лазаров убедливо прв стрелец по групната фаза
Капитенот на македонската ракометна репрезентација со 27 постигнати гола на првите три меча од А групата на европското првенство е најдобар стрелец на целиот турнир. По 24 одиграни натпревари на целото првенство, само четворица ракометари постигнале преку 20 гола, од кој едниот тука го завршува турнирот. Леворакиот македонски бомбаредер има 27 гола од 51 удар, со процент на реализација од 53%. Лазаров по првите три натпревари од групната фаза во Ниш на последното европско првенство имаше 21 гол на мечевите против Шведска, Германија и Чешка. Тој има и 10 асистенции по првата групна фаза.
Листа на стрелци:
1. Кирил Лазаров (Македонија) 27
2. Филип Јиха (Чешка) 23
3. Сергеј Рутенка (Белорусија) 21
4. Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) 21
5. Арон Палмарсон (Исланд) 18
6. Виктор Томас (Шпанија) 18
7. Микел Хансен (Данска) 17
8. Никола Карабатиќ (Франција) 17