hummel Logo 160

skolo logo fb

LIVESCORE.in
OFF

2WIN.MK-page-001

Убедлив пораз и од Русија, в недела последен дуел против Белорусија

sp-egipet-rakomet-makedonija-rusija-22012021-21611326931

Македонија - Русија 20:32 (9:19)

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на Светското првенство со двоцифрена разлика, овој пат загубивме од Русија со 32:20.

Во петтиот настап на Светското првенство во Египет, Македонија го доживеа четвртиот пораз. И тој како и претходните беше со двоцифрена разлика. Натпреварот беше решен уште во воведните минути. Русија моќно го почна мечот, а ние имавме очајна реализација на почетокот, противникот имаше 1:7 на стартот и јасно беше дека ќе доживиееме нов дебакл. Првото полувреме го завршивме со негатива од десет разлика 9:19.

Второ полувреме го почнавме со далеку поцврста игра во одбраната, со што го оставивме противникот седум минути без постигнат гол. Сепак, Русија набрзо влезе во препознатливиот ритам во нападот, повторно почна да ја зголемува предноста, без оглед на фактот што селекторот Петковиќ одмори дел од стартерите во второто полувреме. Конечниот резултат гласеше 20:32 за Русија, за уште една потврда колку е далеку нашата репрезентација во моментов од некоја посериозна улога на големите натпреварувања.

Во составот на Македонија најефикасен по првите 30 минути беше Кузмановски со три, Серафимов и Пешевски постигнаа по два гола.